100% дискреција

Најважното правило во нашата долгогодишна пракса е да не зборуваме НИШТО И НА НИКОГО за нашите клиенти. Доколку нешто нарачате, вашите податоци ги чуваме под знакот „ДОВЕРЛИВО“ во нашата евиденција. На тој начин, вие и вашиот идентитет се заштитени од непоскувани погледи.

Бришење на податоците од компјутерот

Доколку вашата нарачка ја извршите преку нашата електронска кошничка, на нашиот мејл ќе пристигне извесување за вашата нарачка. Исто така во административниот дел на нашата програма стојат податоците за вас и нарачката што сте ја извршиле. Тие се бришат после 3 дена откако вие ќе ја примите пратката. Исто како што се уништува листот на кој што операторот ја прима телефонската нарачка.

Друштво на пријатели

Единствениот ваш личен податок кој што некаде го чуваме за вас е вашата и – мејл адреса, нормално без пропратно име и презиме, и тоа се додека вие сакате да ја чуваме. Таа адреса се користи за да ви испраќаме периодична брошура со промоции, поволности и информации за нашите производи и тековни акции. Чувањето се врши на Мејлчимп јавниот сервис во САД.

Споделување на вашите подаци со други субјекти

Никој ваш личен податок нема да биде споделен со ниту еден субјект настрана од нашата фирма. Дури и доставувачите што ќе ви го достават пакетот, истиот го примаат од страна на фирмата ХОЛИВУД 2002, без никакви асоцијации дека во него се наоѓа долна облека или било што друго.